X
 04.01.2017

Технолошки иновации кои ќе ни го олеснат патувањето

Технологијата од ден на ден оди напред, а нејзиниот напредок секојдневно може да се забележи и во областа туризам. Она што некогаш било незамисливо, како што се на пример роботи рецепционери, денес веќе е можно, а што не чека во иднина во оваа област, тешко е и да се замисли. Ова се неколку работи кои наскоро ќе бидат сосема нормални.


1.    Палење на светла со глас

Се сеќавате на холивудските филмови во кои богатите луѓе само ќе плеснат со рацете и светлото веднаш се пали? Слично се случува и во хотелите „Алофт“. Разликата е во тоа што во хотелите не удирате со рацете, туку светлата се палат со гласовна наредба. Исто така, не реагираат само светлата на гласот, туку и со помош на гласот можете да ја наместите температурата и музиката.

2.    Картички за отворање на врата

За отворање на вратите до неодамна само се користеа клучеви, а по нив пристигнаа картичките. Наскоро нема да има потреба од нив, бидејќи вратите ќе се отвараат со скенирање на зениците или пак со отисокот на прстите.

3.    Џет- лег ќе биде минато

Модерните авиони воведуваат нови услуги во кабините, како што е дополнително освежување и циркулирање на воздухот, како и нов вид на осветлување кое ќе го намали чувството на џет-лег на патниците. Добра вест и за вљубениците во Интернет – се очекува дека многу компании во авионите ќе постават wi-fi конекција до крајот на оваа година.

4.    Аеродромите ќе ги идентификуваат патниците кои доцнат

Лондоснкиот „Heathrow“ од Велигден ќе воведе препознавање на патниците според 33 параметри. Системот ќе ја анализира националноста, багажот и класата во која патниците се возат, меѓу другото, па во случај на доцнење, ќе осигура нови автобуски линии до авионот или на патниците автоматски ќе им обезбеди возење на следниот слободен лет.

5.    Дигитални таблети

Авиокомпанијата „British Airways“ неодамна ја патентираше таканаречената “дигитална таблета“. Се работи за сензор кој се проголтува, а потоа екипажот на авионот јавува како се чувствувате за време на летото, потребно ли ви е нешто и со што сте задоволни или незадоволни.

6.    Виртуелна реалност која ќе ве врати во минатото

Виртуелната реалност е растечки тренд во патувањата, а „Viator“ развил неколку туристички тури, вклучувајќи ја и онаа по Помпеите која трае два часа. Благодарение на 3Д очилата, можно е да се вратите во минатото и да доживеете различни места и градови какви што некогаш биле.

7. Ќе резервираме „дрон-одмори“

На кого му требаа фотографии или видео снимки кога можете да имате свој приватен филм? За своето патување ќе можете да резервирате дрон кој ќе ве снима додека лебди над вас. Секако, ова искуство најверојатно ќе се користи само од одредени лица, бидејќи почетните цени за снимање изнесуваат над 4 илјади евра.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk