X
 05.01.2017 Технологија

Четврта индустриска револуција - Кои вештини би биле потребни во иднина?

Пет години од сега, повеќе од една третина од вештините кои се сметаат за важни во денешно време, што се однесува до работната сила, ќе се променат.


До 2020 година, четвртата индустриска револуција ќе ни донесе напредна роботика и автономен транспорт, вештачка интелигенција, биотехнологија и слично.

Овој развој ќе го трансформира начинот на кој живееме и кој работиме. Некои работни места ќе исчезнат, некои ќе се развиваат, а некои кои не постојат денеска ќе станат вообичаени. Она што е сигурно е дека иднината ќе бара нови вештини за совладување.

Извештај од „The Future of Jobs“ посочува кои вештини би биле потребни во иднина :

1.    Решавање на комплексни проблеми
2.    Критичко размислување
3.    Креативност
4.    Управување со луѓе
5.    Координација
6.    Емоционална интелигенција
7.    Расудување и донесување одлуки
8.    Сервисна ориентација
9.    Преговори
10.    Когнитивна флексибилност

Креативноста ќе биде меѓу првите потребни вештини. Работниците ќе мораат да бидат повеќе креативни за имаат придобивки од големиот број на промени кои ќе се случуваат. Роботите би можело да ни помагаат за да бидеме побрзи, но тие не можат да бидат креативни како луѓето.

Преговорите и флексибилноста се високо на листата во сегашно време, но во 2020 ќе започнат да паѓаат, бидејќи машините ќе донесуваат одлуки за нас. Активното слушање комплетно ќе биде избришано. Емоционалната интелигенција, која не е во топ 10 листата на сегашни вештини, ќе биде меѓу првите во иднина.

Природата на промените ќе зависи најмногу од самата индустрија. Некои области веќе се далеку понапред од останатите, Мобилната технологија, вештачката интелигенција, 3Д печатењето веќе имаат влијание на начинот на кој работиме.

Промените нема да чекаат на нас : бизнисмените, едукаторите и владите би требало да бидат проактивни и да ги обучуваат луѓето, со цел сите да можат лесно да се прилагодат и да бидат дел од четвртата индустриска револуција.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија