Угледниот британски весник „Телеграф“ го смести Скопје во групата на 21 европски град којшто не е позната и извикана туристичка дестинација, но дефинитивно заслужува да се посети. Одличната храна, богатата култура и неверојатните локации и глетки се главната причина, според „Телеграф“, туристите да застанат и барем еден викенд да поминат во Скопје.
- Со своите бројни амами, испреплетените камени улички и пазарите за храна со неверојатна атмосфера, Скопје е еден од источноевропските градови во кои вреди да застанете и кој ќе ви направи голема разлика - пишува британски „Телеграф“.
Освен македонската метропола, на листата на весникот се најдоа и дваесет други градови во Италија, Шпанија, Португалија, Грузија, Унгарија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Шведска, Франција, Австрија, Швајцарија, Германија, Полска и Данска. За сите нив, „Телеграф“ пишува дека се градови со неверојатен шарм, но без вообичаениот туристички метеж карактеристичен за познатите туристички дестинации.
Во продолжение е комплетната листа на „Телеграф“ на неизвикани дестинации кои годинава туристите треба да ги посетат.
- Бергамо, Италија
- Скопје, Македонија
- Тревизо, Италија
- Тбилиси, Грузија
- Сеговија, Шпанија
- Виторија - Гастеиз, Шпанија
- Тавира, Португалија
- Осјек, Хрватска
- Умеа, Шведска
- Нант, Франција
- Брегенц, Австрија
- Сион, Швајцарија
- Гимареш, Португалија
- Лубек, Германија
- Вроцлав, Полска
- Пловдив, Бугарија
- Трст, Италија
- Архус, Данска
- Брага, Португалија
- Егер, Унгарија
- Марибор, Словенија