Додаток на „Facebook“ покажува колку е паметна технологијата за препознавање фотографии

Нешто помалку од една година, „Facebook“ ја претстави новата „iOS“ функција, за да им помогне на лицата со оштетен вид да „гледаат“ фотографии. Со користење на вештачка интелигенција, апликацијата генерира описи од фотографиите на кои корисникот наидува и со помош на читачот на екранот, тој може да ја слушне листата на предмети поврзани со фотографијата, на пример колку луѓе се на неа и што прават. Ова му овозможува на корисникот да разбере што луѓето од фотографиите споделиле на нивната временска рамка и кои лица се означени.

додаток

Адам Геитгеј го креираше додатокот за „Chrome“ и „Firefox“ кој покажува како точно изгледа технологијата за препознавање на фотографии.

Со активирање, додатокот ќе прикаже ознаки кои „Facebook“ ги користи за да опише фотографии. Овие дескриптори исто така вклучуваат идентификување кога некој: направил селфи, дали некој фотографирал во отворени или затворени простории и какви се изразите на лицата на луѓето.

Можете да го испробате додатокот со преземање од „Chrome Web Store“ или „Firefox Add-ons“.
Save
 
Објавено на 09.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017