Врвните инженери во историјата на човештвото


Црно-бела фотографија со најпознатите инженери во историјата на човештвото

Низ историјата се појавиле вонредни инженери кои направиле несекојдневни постигнувања. Некои мислители се издвојуваат од другите и според интелектуалната моќ и според степенот на постигнувања. Овие се осумте врвни инженери, нашироко познати и докажани.

8. Фазлур Рахман Кан (Fazlur Rahman Khan)

Роден во Дака, Бангладеш, се смета за креатор на модерните облакодери. Тој бил класично обучуван градежен инженер и архитект кој ги создал дизајните што овозможуваат полесно конструирање на високите згради. Користел CAD техники во дизајните на неговите градби и помогнал да се вкорени оваа практика во модерното градежништво.

7. Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci)

Да Винчи бил изверзиран во многу професии, од уметност до наука и математика. Неговото искуство во овие полиња довело до уникатни инженерски идеи и проекти. Многу од неговите замисли останале само на хартија. Еден од авторските пронајдоци што бил практично имплементиран е „летечкиот змеј“ (денеска познат како „змејарство“). Иако не успеал да се реализира во споредба со многу други инженери, сепак неговата оригиналност и креативноста го прават еден од најпознатите технолошки и уметнички умови.

6. Стив Возниак (Steve Wozniak)

Како и Стив Џобс, Стив Возниак е пионер во компјутерското инженерство во седумдесеттите години на минатиот век. Благодарение на неговите постигнувања во софтверското и електронското инженерство, денес персоналните компјутери се универзално помагало на луѓето низ целиот свет. Самостојно го развил Apple I и многу веројатно е водечкиот технички ум зад успехот на Џобс.

5. Илон Маск (Elon Musk)

Најпознат по компаниите SpaceX и Tesla, овој инженер роден во Јужна Африка ги поместува границите на многу техничко-технолошки области. Многумина го гледаат како бизнисмен, наместо како инженер, па сепак неговиот влог во иновациите и развојот на новите технологии му обезбеди траен престој во историјата на инженерството.

4. Хенри Форд (Henry Ford)

Иако беше совладан од Карл Бенц (Karl Benz) во создавањето на модерниот автомобил, сепак неговата производна линија и производствените техники ја обликуваа автомобилската индустрија. Масовното поризводство првпат беше забележано во фабриките на Форд, каде што се правеа автомобили достапни за секој човек, не само за елитите.

3. Орвил и Вилбур Рајт (Orvile and Wilbur Wright)

Најмладите браќа од семејството Рајт се интересирале за воздухопловство уште од најрана возраст. Наместо да се насочат кон тоа како да се напојува нивното летало, тие се посветиле на аеродинамичкиот дизајн за оспособување на леталото. Ја развиле првобитната форма што денес ја имаат крилата на модерните авиони, како и контролниот систем за летање составен од три оски.

2. Исамбард Кингдом Брунел (Isambard Kingdom Brunel)

Брунел бил еден од најголемите пронаоѓачи на 19 век, најпознат по изградбата на Големата западна железница (Great Western Railway) што функционира сè уште. Главно работел на револуционализирање на индустриската инфраструктура во Британија. Неговиот импакт во индустриското инженерство бил огромен, поради што си добил универзитет именуван според него.

1. Никола Тесла (Nikola Tesla)

Никола Тесла е најголемиот ум што некогаш ќе живее. Многу од неговите пронајдоци помогнале да се развие модерната технологија, но многу е тешко да се каже што точно тој измислил. Извесно време негов работодавец бил Томас Едисон, за кој се верува дека му украл многу пронајдоци и се стекнал со слава на негов грб. Се верува дека Тесла е првиот човек кој работел на модерното радио, Х-зраците и индукцискиот мотор. Го сметале за многу чуден, а неговите соработници верувале дека е малку луд и опседнат. Како и да е, постигнувањата на Тесла направиле повеќе од кој било друг инженер за современото општество.             
 
Објавено на 09.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017