Во оваа земја поради пиво во рака може да завршите две години во затвор

Една група на конзервативни муслимански политичари бараат целосна забрана за производство, дистрибуција и консумирање на алкохолни пијалоци во Индонезија, пишува „Економист“. Муслиманските партии завземаат една третина од парламентот, но не е исклучено таа идеја да може да ја подржат некои конзервативни партии.


Бали


Индонезија е во војна против алкохолот од 2015 година, кога се забрани продажбата на пиво во помалите продавници. Нивниот изговор беше дека на тој начин сакаат да ја запрат експанзијата на алкохолните пијалоци, која често беше катастрофална за граѓаните.

Индонезија има стекнато репутација како една од либералните муслимански земји, а некои аналитичари се повеќе изразуваат загриженост поради растот на фундаментализмот. Еден пример е покраината „Aceh“ каде за разлика од остатокот од земјата, уште се применува шеријатскиот закон. Таму алкохолот е одамна забранет, а на неделна основа од тие краеви стигнуваат вести за јавно тепање.

Инаку, муслиманските партии предлагаат консумирањето на алкохол да се казнува со две години затвор. Овој потенцијален закон за локалниот туризам би бил шокантен, особено за Бали.
Save
 
Објавено на 10.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017