X
 10.01.2017 Живот

Времето во наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 10 јануари 2017 година, 10-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:27 часот. Денот ќе трае 9 часа и 32 минути.

Снежно и студено утро имаме денеска речиси насекаде во Македонија. Во овие утрински часови имаме облачно време со слаби врнежи од снег кои што не претставуваат никаков проблем во тековното одвивање на сообраќајот.

МАКЕДОНИЈА – Во вторник денот го започнеме со малку потопло утро во однос на вчерашното и температури кои ќе бидат за 1-2 степени повисоки од вчерашните и ќе се движат во интервал од -18 до -8 степени. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со провејување на слаб снег, ветровито и студено. Врнежи од снег кои што ќе бидат со многу слаб интензитет и не се очекуваа да формираат некоја посериозна покривка, а онаму каде што ќе ја има нема да биде повисока од 5 сантиметрки. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до -13 односно до -3 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска претежно облачно време со провејување на слаб снег, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -11 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до -8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди, попладне и навечер во југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за врнежи од снег. Максималните температури од -10 до 0 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачно и потопло време, максималните дневни од -6 до 4 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и дневна температура која ќе се движи во интервал од -5 до 5 степени. Во сабота умерено облачно време и нестабилно со услови за врнежи од дожд и снег, а над 900 метри само од врнежи од снег.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот