Археолози сосема случајно откриле уште еден Стоунхенџ


Група од археолози аматери во потрага по бункери од Втората светска војна, случајно откриле древно историско место.

Стоунхенџ

Се верува дека станува збор за италијански еквивалент на Стоунхенџ, со подеднаква важност.

Археолошкото откритие било потврдено од страна на стручњаци и се наведува дека е од вонредна важност за разбирање на праисторијата.

Група археолози аматери под име „Пријатели“, спроведувале истражување на бункерите од Втората светска војна на Сицилија, кога откриле градба што наликувала на Стоунхенџ.

Професионалната верификација подоцна покажала дека се работи за сончев часовник, што датира од периодот меѓу 6.000 и 3.000 година пред нашата ера. Експертите со помош на дрон, камери и компаси провериле дали часовникот сè уште функционира и откриле дека дополнително може точно да го определува и годишното време.

Откритието се поврзува со Стоунхенџ, едно од најважните историски места во Вилтшир, Англија. Тоа е едно од светските чуда и се верува дека потекнува од приближно ист период.

Археолозите наведуваат дека ова откритие отвора бројни можности и веруваат дека на истото место најверојатно ќе бидат откриени и уште некои „историски богатства“.

Џузепе ла Спина, еден од археолозите кои го понашле „вториот Стоунхенџ“, истакнал: „Секое археолошко откритие само по себе е многу важно, но да се биде дел од вакво сензационално откритие, навистина ме прави да се чувствувам горд“.
 
Објавено на 11.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017