X
 11.01.2017 Живот

Бранислав Нушиќ: „Знаењето има граници, а незнаењето нема“

Мудри зборови на легендарниот Бранислав Нушиќ :


-    Правдата на луѓето често им е потешка од неправдата.

-    Првиот бакнеж е како мала матура, а потоа се преминува во повисоките паралелки каде што се учи виша математика на љубовта со сите познати и непознати количини.

-    Бракот е договор според кој човекот еднаш во животот ќе каже „ДА“ и ќе ја преземе обврската тоа да го повторува целиот живот.

-    Знаењето има граници, а незнаењето нема.

-    Бракот е писмо кое е интересно само додека е затворено.

-    Вистината честопати е помалку постојана од заблудата.

-    Кога имаш срце, не можеш да имаш гаќи.

-    Љубовта е еден вид на пијанство. Кога човекот ќе испие прва и втора чаша, добива апетит и чувствува жед, а потоа пие чаша за чаша.

-    Мудроста често е збир на човечки лудости.

-    На сцената прво се крева завесата а потоа се одигрува драмата. Во животот тоа се одвива поинаку : најпрво се игра драмата, а потоа се крева завесата.

-    Првата љубов е опасна само кога е и последна.

-    Слободата често е фраза, а тиранијата е секогаш вистина.

-    Среќата речиси секогаш е погрешна, а неволјата не.

-    Секоја жена е актерка : што помалку се забележува, толку е поголема актерка.

-    Во втората љубов човек се чувствува како да повторува на училиште. Ги познава сите предмети, а сепак не е уверен како ќе пројде испитот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот