Филмска снимка од СССР дава неверојатно вистинити предвидувања за светот

Визијата на животот во 2017 година открива изненадувачки сличности со денешниот сообраќаен систем и мобилната поврзаност.

Филмските снимки од студиото „Diafilm“ во Москва од 1960 година откриле неколку неверојатни детали во врска со тоа како тогаш се замислувал  денешниот живот.

филмска лента

На снимката од 45 кадри прикажан е свет во кој Сибир и Алјаска се поврзани со брз воз на атомска енергија, која поминува низ Беринговиот теснец, со користење на мост на две нивоа.

лента

На снимката се раскажува за момчето Игор, кое ужива во достигнувањата на СССР, еден век по Октомвриската револуција, а особено во разните погодности поврзани со патувањето, пишува „Independent“.

По должината на северниот дел на Евроазија, снимката прикажува „меѓународната подземна мрежа“, која ги поврзува градовите и заедниците по должината на Северниот арктички океан. Далеку на север од Сибир се наоѓаат серија на речни канали поврзани со Аралското и Каспиското Море на југ.

СССР

Некои предвидувања се доста сигурни, како што се видео разговорите, со чија помош Игор комуницира со една жена која од деловни причини се наоѓа на Црното Море. Оваа технологија е слична на денешниот „Skype“.

Советска филмска лента

Исто така може да се види слика на која се претставени автономни автомобили, но без концепт на денешните гугл мапи и таблети, Наместо тоа, прикажани се  весници и мапи од хартија.

советска филмска лента
SaveSave
 
Објавено на 11.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017