Како ги воспитував моите 12 деца?

„Мојата жена и јас имавме 12 деца во текот на 15 години и половина брак. Денес, нашата најстара е 37 години, а нашата најмлада е 22 години. Отсекогаш сум имал многу успешна работа и доволно пари за да им овозможам сé . Но, јас и жена ми одлучивме да не го направиме тоа“- пишува за „Quartz“ Францис Л. Томпсон.  

Со вас ќе го споделам она што ние го правевме, но прво дозволете ми да ви ги кажам резултатите: сите мои 12 деца имаат факултетска диплома, а ние како родители не плаќавме и не плаќаме за тоа; оние кои се во брак имаат прекрасни брачни партнери со истата етика и степен на образование; имаме 18 внуци кои ги учат истите работи што нашите деца ги учеа: само-почит, благодарност и желба да го дадат тоа назад кон општеството.


фамилија Томпсон

Ја одгледавме нашата фамилија во Јута, Флорида и Калифорнија. Мојата сопруга и јас сега живееме во Колорадо. Во март ќе славиме 40 годишнина од нашиот брак. Јас ја препишувам љубовта помеѓу нас како дел од нашиот успех со децата. Тие гледаат стабилен домашен живот со одлучност да не прават компромиси.

Ова е она што го правиме правилно (правевме и правиме многу грешки, но тоа е друга листа).

Задолженија

-Децата мораат да извршуваат задолженија на возраст до 3 години. Три годишно дете не чисти тоалети многу добро, но од времето кога тоа има 4 години, тоа е разумно добра работа.

-Тие добиваа дозволи врз основа на тоа како ги сработуваа задолженијата за оваа недела.

-Имавме деца кои ја переа својата облека до периодот кога наполнија 8 години. Имавме предвиден ден, кој беше ден на перење.

-Кога почнаа со читање, мораа да направат вечера со читање на рецептот. Тие, исто така, мораа да научат да прават двојни оброци од основниот рецепт.  

-Момчињата и девојките мораа да научат да шијат.

Време за учење

Образованието беше и е многу важно за нашето семејство

Имавме време за учење од 6 до 8 часот навечер секој работен ден. Без телевизор, компјутер, игри или други активности два часа. Ако немаа домашни задачи, тогаш читаа книги. Децата кои беа премногу млади да одат на училиште, дававме задача некој да им чита книга. По два часа, тие можеа да прават што сакаат, се` додека тие го исполнуваа договорот.

Сите деца требаше да земат напредни часови за предметите за кои учеа. Отидовме во училиштето и побаравме нашите деца да се вклучат. А ние, како родители, поминавме време за да се осигураме дека имаат разбирање за да можат да присуствуваат на часот..

Ако децата се вратеа дома зборувајќи дека наставникот ги мрази или дека не бил фер, нашиот одговор беше дека треба да најдат начин заедно. Вие треба да најдете начин да го научите материјалот, бидејќи во реалниот живот, може да имате шеф кој не ви се допаѓа. Не дозволивме децата да го обвинуваат наставникот за нивното не-учење, туку да ја насочат одговорноста за учење на материјалот. Се разбира, бевме заедно со нив за двата часа кога учеа секој ден и им беше дозволено да побараат помош во секое време.

Не е дозволено пребирливост за јадење

Сите јадевме вечера и појадок заедно. Доручекот беше во 5:15 часот, а потоа децата мораа да ги направат задолженијата пред да одат на училиште. Вечерата беше во 17:30 часот. Во поширока смисла, храната беше интересна. Сакавме балансирана исхрана, но ја мразевме кога бевме мали и кога родителите нé тераа да ја јадеме.

Нашето правило беше да им даваме на децата храна што најмногу ја мразеа (обично зеленчук), а потоа тие добиваа следен вид на храна. Не мораа да го јадат сето тоа и можеа да го остават на масата. Ако подоцна се пожалеа дека се гладни, ја вадевме храната што не сакаа да ја јадат, ја загревавме во микробрановата печка, и им дававме да јадат. Повторно, не мораа да го јадат тоа. Но, не добиваа друга храна до следниот оброк, освен ако не го изедеа тоа.

Немавме ужина помеѓу оброците. Секогаш имавме четири групи на храна (месо, млеко, житни и зрнести производи, овошје и зеленчук) и речиси секогаш имавме некој десерт. До ден денес нашите деца не се плашат да пробуваат различни видови храна и немаат алергии на храна. Ниту едно од нашите деца нема прекумерна тежина. Тие се тенки, спортски градени и многу здрави.

Вон школски активности

Сите деца мора да се занимаваат со некој вид на спорт. Мораа да изберат - да не се избере ниту еден не беше опција. Мораа да почнат со спорт уште од основно училиште. Тоа можеше да биде пливање, фудбал, бејзбол, мечување, тенис, итн. Но, мораа да практикуваат нешто. Сите деца мораа да бидат во некој вид на клуб: Извидници за момчиња, за девојки, клуб за историја, драма, итн.

Од нив баравме да обезбедат служба за заедницата. За проектите од „Eagle Scout“ ние ја вклучувавме целата фамилија. Откако ќе соберевме стари алишта  ги носевме во Мексико. Децата на овој начин гледаат каков е животот за многу семејства и како нивните колекции ги направија другите луѓе среќни и направија разлика во нивните животи.

Независност


Кога децата ќе наполнеа 16 години, на секое му купуваме автомобил. Првото дете научи што значи тоа. Таа ми рече: „Тато ова е ужас!“. Реков, „Да“ но тоа е „Mustang“ мотор од 1965. Еве ова се прирачниците за поправка. Алатите се во гаража. Јас ќе платам за секој дел, но нема да плаќам за работна сила.

Единаесет месеци подоцна, автомобилот доби обновен мотор, обновен менувач, нов тапациран внатрешен ентериер, нов систем за суспензија, како и нов слој на боја. Ќерка ми (да, тоа беше мојата ќерка), имаше еден од најдобрите автомобили во средно училиште. И гордоста дека таа го обнови беше бескрајна.

Ние како родители им дозволувавме на децата да прават грешки. Пет години пред 16-от роденден и од подарокот  „нови" автомобили, тие мораа да помагаат за одржување на семејните автомобили. Еднаш му реков на мојот син, Самуел, да го смени маслото и го прашав дали му е потребна помош или инструкции.

„Не, тато, јас можам да го направам тоа“.  Еден час подоцна, тој дојде и рече: „Тато, дали се потребни 18 литри нафта за промена на маслото?“ Го прашав како ќе успее да стави 18 литри масло кога нормално само 5 литри се потребни? Неговиот одговор беше:  „Таа голема завртка на врвот на предниот дел на моторот“.

Јас реков: „Мислиш на ладилникот?“ Сем не падна во неволја за полнење на ладилникот со масло. Мораше да го исцеди - купивме рамен ладилник, ставивме нова течност за ладилникот, а потоа мораше да го промени вистинското масло. Не го казнивме за неговата грешка. Дозволивме лекцијата да биде алатка за учење. Нашите деца не се плашат да пробаат нешто ново. Обучени се дека ако направат нешто погрешно нема да бидат казнети. Тоа често не чини повеќе пари, но подигнувавме деца, а не штедевме пари.

Секое дете доби свој компјутер, но мораше да го изгради. Ги купив сите елементи, тастатура, хард диск, матична плоча, глувче...Мораа да го состават заедно и да го инсталираат софтверот. Ова започна кога имаа 12 години.

Им дозволувавме да направат сопствени избори, но беа ограничени. На пример, дали сакате да одите во кревет сега или да си ја исчистите собата? Ретко, дававме директиви кои беа еднонасочни. Ова им дозволуваше на децата да размислуваат дека тие ја имаат контролата над својот живот.

Во сé заедно

Ние бараме од децата да си помагаат едни на други. Кога беа петто одделение од нив се бараше да читаат 30 минути на ден, а кога беа прво одделение читаа 30 минути на ден.  

Оние кои беа во средно училиште ги учеа алгебра оние кои беа во основно училиште. Им дававме обврска на нашите постари деца да им помагаат на помладите во учењето и да ги постигнат нивните неделни задолженија. Им дозволувавме на нашите деца да бидат дел од носењето правила за семејството. На пример, децата го сакаа правилото. „Не се дозволени играчки во дневната“. Играчките мораа да останат или во спалната соба или во собата за играње. Како додаток на нивните задолженија, тие мораа да ја чистат нивната спална соба секој ден (или само да ја одржуваат чиста).

Овие правила се оние кои децата ги сакаа. Ние им дававме шанса секој месец да ги изменат или да создадат нови правила. Се разбира мама и тато имаа право на вето.
 
Се обидувавме да бидеме секогаш доследни. Доколку требаше да учат два часа секоја ноќ, ние не правевме исклучок за тоа. Немаше никакви исклучоци од правилата.

Политика за одмор

Одевме на семејни одмори секое лето на две или три недели. Можевме да си дозволиме хотел, или крстарење, но не ги избиравме овие опции. Одевме на кампување и планинарење. Ако врнеше дожд, тогаш наоѓавме начин како да преживееме. Поставувавме главен камп на страната со пет или шест шатори. Мојата жена остануваше со малите. Запомнете, 15 години, таа или беше бремена или само што родила бебе. Моите деца и јас пешачевме преку Големиот Кањон, на врвот на планината Витни низ Јосемите.

Ги испраќавме децата со авион кај роднините во Европа или во САД на две или три недели. Ова го започнавме, кога тие беа во градинка. Беше потребен посебен третман за авиокомпаниите да земат 5-годишно дете само во авионот и бараа од роднините од другата земја да имаат посебна документација.

Ги испраќавме, само ако сакаа да одат. Меѓутоа, кога помладите гледаа како постарите патуваат и тие сакаа да одат. Децата научија од рана возраст дека ние, како родители, сме секогаш тука за нив, но ќе им дозволиме да растат нивните крилја и да летааат.  

Пари и материјализам

Иако имаме доволно пари, не им помагавме на децата да купуваат домови, да платат за образование, да ја платат свадбата (да, не плативме за нивните свадби). Имаме обезбедено обемни информации за тоа како да го направат тоа и како да го користиат капиталот за да го зголемат богатството. Не им дававме работи на нашите деца, туку им дававме информации и ги учевме како да ги прават работите. Им помагавме со контакти и корпорации, но тие мораа да прават интервјуа и да „ги заработат“ работните места.

Им дававме подароци за роденден и за Божиќ. Глумевме Дедо Мраз, но како што стануваа постари, и прашуваа за тоа, ние не ги лажевме. Им велевме дека е игра која сме ја играле и дека е забавна. Правевме листи за работи кои секое дете ги сакаше за подарок. Така секој можеше да види што сака. Со интернетот е лесно да се испратат такви листи за децата и внуците. Сепак, домашно изработените подароци им беа омилени на сите.

Реалниот свет

Ги сакавме децата без оглед на она што го правеа. Но, не ги спречувавме последиците од било кои нивни акции. Им дозволувавме да ги трпат последиците и не се обидувавме да ги ублажиме, затоа што ги гледавме како страдаат. Плачевме и бевме тажни, но ништо не правевме за да ги ублажиме последиците од нивните постапки.

Бевме и не бевме нивни најдобри пријатели, но им бевме нивни родители. 
 
Објавено на 11.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017