Зошто морате да ги прочитате правилата за користење на апликациите?

pravila

 

Најверојатно ги имате прекршено правилата за користење на секоја апликација која сте ја користеле. На пример, ако сте го промениле вашиот телефонскиот број без да го известите „Facebook“, тогаш сте ги прекршиле правилата за користење на таа апликација кои сте ги „прочитале“ при самата регистрација.


Имено, изјавата на „Facebook“ за правилата за користење бара од корисникот за секоја промена која ќе ја направи да ги извести во рок од 48 часа. Тоа е една од бројните рестриктривни мерки и правила кои ги потпишува секоја личност при регистрација на социјалната мрежа, без разлика дали ги има или ги нема прочитано. Со правилата се принудуваат корисниците да не користат лажни информации, како и да немаат повеќе од еден профил.

Ова не е случај само со „Facebook“. И „Snapchat“, платформа доста популарна помеѓу тинејџерите, исто така бара од корисникот да ги известува при промена на бројот на телефонот, без оглед на тоа што таа информација не е од никакво витално значење за самата апликација. Нешто поблаг е „Facebook“, па оваа социјална мрежа, за било каква промена, бара да биде известена во рок од 72 часа.

Иако ограничувањата се наменети за осигурување на контактите со корисниците во случај на некаква потреба, како што е и наведено во правилата за користење, броевите на телефоните исто така се доста вредна информација. Помага да се следат луѓето преку интернет, како и потврда дека корисниците се имаат регистрирано на самата апликација со своите лични податоци.

Слични се правилата за користење и на другите лични информации. Секоја апликација, вклучувајќи ги и „Facebook“ и „Snapchat“, во своите правила има и клаузула со која ги известува корисниците дека со своите јавни постови може да постапуваат онака како што сакаат. „Snapchat“ отиде и чекор понапред, па вели дека може: „да објавува, користи, прикажува, репродуцира, модифицира, адаптира, уредува, објавува, дистрибуира“ содржини објавени на нивната страна, без оглед дали содржината била јавна или не. И други апликации како „Instagram“ имаат сличен облик на подеднакво напишани правила.
 
Објавено на 11.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017