X
 12.01.2017 Економија

Германците ќе ги изедначат платите на мажите и жените

Германската влада усвоила нов закон кој ќе ги примора компаниите да бидат транспарентни во поглед на платите кои им ги исплатуваат на мажите и жените. Според новите прописи, работниците во компаниите со повеќе од 200 вработени, ќе имаат право да знаат колку жените и мажите на исти позиции заработуваат.


Компаниите со над 500 вработени исто така ќе мораат да обавуваат редовни записници за платите за да покажат дека ги почитуваат прописите.

Заработката на жените во Германија е за 21 процент помала од примањата на мажите, според податоците на тоа министерство, што е полошо во однос на европскиот просек од 16,5 проценти.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија