X
 12.01.2017 Култура

Неописливата моќ на филмот и музиката

филм

 

Филмовите кои на извесен начин се занимаваат со музика, се прават и ќе се прават се' додека постојат гледачи кои сакаат да гледаат филмови за музичари, композитори, рок ѕвезди...


Снимени се доста биографски филмови за славните композитори: „Amadeus“ на Милош Форман за Моцарт или „Immortal Beloved“ со Гери Олдман во улога на Бетовен, како и филмовите за музичките икони „Bird“ - за најголемиот џез саксофонист Чарли Паркер во режија на великанот Клинт Иствуд, „Ray“, за уште еден џез великан, Реј Чарлс, „Walk the Line“ за кантри легендата Џони Кеш, „Get On Up“, за кралот на соул музиката, Џејмс Бранун. Тука се и филмовите за кои музиката е подлога за приказна за нејзината моќ на лекување: „Once“, „Begin Again“, „Sing Street“ и „High Fidelity“.

Секако дека низ филмската историја снимени се филмови за истакнати музичари, а вреден за споменување е „The Glenn Miller Story“ со Џими Стујарт во улога на тромбонист, и сите реализации кои за подлога ја имаат музиката, а зборуваат и за сите важни животни приказни.

Повторно, еден од оние музички филмови кои покажуваат што посветеноста, мотивираноста и водството може да направат иден млад и перспективен музичар, е и „Shine“, вистинска приказна за австралискиот пијанист Дејвид Хелфгот, кој го портретираше и Оскаровецот Џефри Раш. „Shine“ прикажува што се' претрпува еден човек на патот кон врвот... Како и секоја музичка биографска приказна скроена во Холивуд, и оваа е оспорувана поради превртување на вистината и прилагодување на специфичностите на филмската поетика.

Музиката е се', не само работа

Сите биографски приказни за музички композитори и џез/кантри/соул/рок музичари ја имаат таа потребна опишана црта на мотивираност и посветеност, бидејќи музиката е се' само не работа. Љубовта кон музиката се гледа во сите три филмови на режисерот Џон Кaрни кој и самиот е музичар по професија. Првиот филм, „Once“ е награден со Оскар за најдобра песна; вториот филм „Begin Again“ е приказна за пропаднат продуцент и надежна музичарка во нивниот поход на музичката сцена во Њујрок, додека третиот „Sting Street“, се враќа назад во 80-те години на минатиот век, повторно во Даблин, во кој протагонисти се тинејџери кои низ музиката ги оживуваат чувствата на младешката еуфорија, но и смешниот очај.

Големи достигнувања


Кога во филмската музичка приказна ќе ги внесете сопствените искуства како музичар, а притоа ќе додадете драма и форсирање до екстремност, тогаш не мора да се плашите поради евентуална веродостојност на прикажувањето - токму ова го направи режисерот/сценаристот/тапанарот Дамиен Шазел во неговиот филм „Whiplash“ кој во 2015 година освои три Оскари. Целиот филм претставува неверојатно постигнување во филмската индустрија, особено поради фактот што Шазел за да го сними, со готово сценарио за долгометражен филм, морал прво да сними краткометражен, избирајќи сегменти од приказната.

Мјузиклите се посебен случај и некогаш најсјајниот холивудски производ. Апсолутен победник на овогодинешните Златни Глубосу (соборен е рекордот со седум освоени Глобуси), новиот филм на Шазел, „La La Land“, со протагонистите Ема Стоун и Рајан Гослинг.

Станува збор за љубовна приказна помеѓу глумица, која има за цел да се пробие во Холивуд, и џез пијанистот чиј сон е да отвори сопствен џез клуб, сместена во модерна доба која на прекрасен начин ја одржува моќта на уметноста (музиката и глумата и филмот). Сентиментално и толку реалистичен што е едноставно  толку брутален (но во убава смисла), „La La Land“ е неверојатен филм кој ви ја враќа надежта во целата холивудска машинерија за правење пари. Филм кој зборува и толку голем акцент става на тоа дека е потребно да сонувате, и уште поважно, да не се откажувате од вашите соништа сеќавајќи се на секој подем и пат на патот до реализирање на (не)достижното.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура