X
 13.01.2017 Живот

ФН со препораки: како да преживеете до формирањето на новата Влада?

По паузата од една недела, „Фчерашни новости“ со нова епизода се враќа на програмата на „Телма“. Во недела во 19:10, пародичните вести носат неколку ексклузиви. Претставник на „Македонија пат“ убедува дека снегот не ги изненадил годинава.

Фчерашни и со препораки – како да преживеете до формирањето на новата Влада. Дознајте и како се снаоѓаат бездомниците зимава, но и за скандалот пред Сојузот на синдикатите на Македонија.

Со материјали собирани две недели, тимот на најгледаната хумористична емисија нетпреливо ја очекува својата премиера. Епизода бтој 8 следете ја во недела, 19:10 часот, а првата реприза подоцна истата вечер на „Телма“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот