X
 13.01.2017 Живот

Нов минибус „Volkswagen“ - наследник на хипи иконата

Пред повеќе од 50 години беше вистинска икона меѓу автомобилите. Сега е време да го запознаат и новите генерации и тоа во модерно издание.


Можеби тој податок не е толку познат, но минибусот на „Volkswagen“, познат уште како „T1“, бил дури втор модел кој сега големиот германски произведувач на автомобили го пласирал на пазарот.

Популарноста на автомобилот постојано се зголемувала, а вистински цут доживеал во 60-те години на минатиот век кога станал своевиден симбол на хипи револуцијата. Посебно го ценат љубителите на олд-тајмери, како и хипстерите.

Концептот за новиот минибус е наречен „ID Buzz“, а е претставен во Детроит на автомобилско шоу. Авотомобилот ги задржува основните линии, но сега содржи најмодерни и технолошки напредни елементи.


Опсегот му е 430 километри со едно полнење (автомобилот е на електричен погон), а има место за осум луѓе, како и за ротација на сите седишта. Во автомобилот има „ID“ состав кој се подесува според желбите на возачот, како што се висината на седиштето, омилената радио станица и слично. Сите функции можат да се менуваат со приложениот таблет, а камерите кои се поставени наместо ретровизори ве водат во иднината. На прашањето дали ова возило ќе се најде на патиштата, од компанијата тврдат дека ако одзивот во јавноста биде позитивен, тогаш возилото би било достапно најдоцна до 2015 година.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот