X
 13.01.2017 Образование

Резултати од студентските стипендии после формирање на нова влада


   
Резултатите од конкурсот за доделување на студентски стипендии, ќе бидат објавени по завршување на изборниот процес, односно по изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на новата Влада. По реакциите на Студентскиот Пленум дека МОН не ги објавил резултатите на 10 јануари, од Министерството не информираа дека тие пуштиле соопштение уште во декември со известување дека листите не може да се објават додека има избори.

- Ова е одлука донесена согласно пристигнатото мислење од страна на Државната комисија за спречување на корупција, дека постои законска пречка за објавување на списокот на кандидати на кои ќе им биде доделена стипендија. Ние пуштивме соопштение и јавноста е информирана навреме - велат од МОМ.

Студентскиот пленум, пак вчера објави дека телефонската линија на МОН останала недостапна за студентите кои постојано вртеле да се информираат за стипендиите.

- Буџетот за овие стипендии е одамна изгласан и одобрен, па не е јасно како воопшто политичката ситуација влијае врз изборот на кои студенти ќе добијат стипендија - прашуваат Пленумци.
Подготвил: М.Ф.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование