X
 15.01.2017 Живот

Херојска акција која би можела да спаси илјадници животи

Глувците кои се тренирани да намирисаат нагазни мини во Африка би можеле да спасат илјадници животи ширум светот. Тие се во состојба за 20 минути да го пребараа секое поле за што на човекот со детектор би му биле потребни 25 часа.


APOPO“, непрофитна белгиска организација која се бави со тренирање џиновски африкански торбари глувци да препознаат и да намирисаат мини, сметаат дека ова би можело да биде навистина успешна акција. Во операцијата од 1997 година, нивните глувци можат ефикасно да пребараат 200 квадратни метри за 20 минути. Во 2013 година, постоел глобален дневен просек од 9 најдени мини, а најтешкиот глушец имал 1.5 килограми.

За глувците се води грижа, па дури и им се нанесува крема за сончање на ушите за да се заштитат од рак на кожата. Кога глушецот веќе не е во можност да работи или е премногу стар, оди во пензија и остатокот од животот го поминува во природно живеалиште.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот