X
 16.01.2017

И вие мислите дека девојките не можат да кодираат?

И вие мислите дека девојките не можат да кодираат? За да го руши овој стереотип, непрофитабилната организација „Girls Who Code“ создаде сатирична видео серија наречена „Girls Do Code“.

 

кодирање


Кодирањето е новата лингва франка на сегашното време. Но, за девојките, влегувањето во оваа област доминирана од мажите е прилично невозможна мисија, бидејќи премногу работи им го одвлекуваат вниманието - нели?

На овој начин размислуваат голем дел од луѓето кои имаат шовинистички и застарени начини на размислување. Но, за да ги разрушат овие безвредни стереотипи, девојките од „Girls Who Code“, создадоа видео во три делови наречено „Girls Do Code“.

Оваа непрофитна организација користи сатира и хумор кој е брилијантно прикажан од девојките.

„Постојат многу инспиративни видеа за тоа зошто девојките треба да кодираат“, вели Решма Сауџани, основач и извршен директор на организацијата.

Таа вели дека нејзиниот тим се обиде да направи нешто различно со цел да започне разговор и да создаде подобра слика за програмерите.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk