X
 16.01.2017 Образование

Резултати од конкурсите за ученички стипендии за 2016/2017 година

Министерството за образование и наука ги објавува резултатите од конкурсите за доделување на ученички стипендии за учебната 2016/2017 година:

50 (педесет) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

400 (четиристотини) стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

50 (педесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

Сите кандидати - добитници на стипендија потребно е да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на име на ученикот, почнувајќи од 23.1.2017 година, а заклучно со 27.1.2017 година да ги достават директно до Министерството за образование и наука (пулт за прием на документи), или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака “Договор за ученичка стипендија”. Договорите може да се преземат на следните линкови:

Договор за 50 талентирани ученици
Договор за 150 спортисти
Договор за 400 социјални ученици
Договор за 50 стипендии за ученици посебни потреби
Договор за 80 стипендии за ученици - деца без родители
Договор за стипендии за ученици од угостителско - туристичката струка

Сите дополнителни информации можат да се обезбедат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование