Продуцентите на „Game of thrones“, Дејвид Бениоф и Ден Вајс минатата година изјавија дека сакаат осмата сезона од серијата да трае 73 часа, со 7 нови епизоди во 7-та сезона и 6 епизоди во 80-та сезона. Меѓутоа, тие сѐ уште не се одлучени за тоа колку епизоди ќе има последната сезона.
„Сѐ уште се обидуваат да ја формираат сезоната, и да видат што сакат да направат. Ќе направам онака како што тие ќе одлучат. Од нив зависи“, вели директорот на програмите во „НВО“.
„НВО“ разговара и за можна „prequel“ серија. „Огромни се можностите, така што би било глупаво да не ги разгледаме и истражиме“, додава тој.
Блојс истакнува дека поголема е веројатноста за серија-претходник, отколку спин-оф која би користела постоечки ликови. „Серијата-претходник би имала помал притисок од спин-оф“.
Во меѓувреме, фановите ќе треба да почекаат подолго за 7-та сезона, која ќе се врати на лето наместо во април, бидејќи серијата ќе започне со снимање на повеќе места каде е зима. Серијата моментално завршува со снимање во Исланд.
Шестата сезона на „
Game of thrones“ повторно го собори рејтингот на „НВО“, со 23 милиони гледачи, вклучувајќи стриминг, репризи и „DVR“ репродукција.