X
 19.01.2017 Технологија

Сигурно возење со апликацијата „Samsung Gear VR“


Девојка носи уред за виртуелна реалност

„OAMTC Fahrtechnik“ и „Samsung“ соработуваат на развој на нова апликација за виртуелна реалност под името „Samsung Drive“.

Возачите-почетници ќе се обучуваат со помош на „Samsung Gear VR“, за правилно да реагираат на сите можни несреќи при возењето во сигурно виртуелно опкружување и на тој начин навремено да ги искусат сите можни драстични последици од неправилно однесување.

Според оваа студија, 76 проценти од возачите не се во состојба за го запрат возилото навреме кога се соочуваат со неочекувана препрека, затоа што се растресени од друга дразба. Особено младите возачи без соодветно искуство се најзагрозената целна група. Оваа апликација им помага на возачите да станат свесни на ваквите опасности и ризикот што го носат.

Новата VR технологија овозможува вонредно реална содржина што ги прикажува опасните ситуации по патиштата.

Гледањето низ „Gear VR“ очилата на корисникот му обезбедува чувство дека се наоѓа во автомобил, зад воланот. Како резултат од тоа, учениците ги откриваат сите реално можни  опасности со кои можат да се соочат во текот на реалното возење.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија