X
 23.01.2017 Живот

Неделна временска прогноза



Денес е понеделник, 23 јануари 2017 година, 23-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:49, а ќе зајде во 16:42 часот. Денот ќе трае 9 часа и 532 минути.

Студено и магловито утро имаме и денес во поголем дел од Македонија. Услови за сончеви периоди има во крајните источни, југоисточни и северозападни предели.

МАКЕДОНИЈА – И денеска во најголем дел од Македонија ќе имаме појава на магла и ниска облачност која што ќе се задржи во текот на целиот ден. Сончеви периоди се очекуваат во крајните југоисточни и источни предели, како и во планинските северозападни и западни предели. Во попладневните часови зголемување на облачноста од југозапад, која што во доцните вечерни часови како и во текот на ноќта понеделник кон вторник ќе ни донесе врнежи од снег. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -18 до -2 степени, додека пак максималните дневни од -1 до 6 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје и денеска ќе имаме појава на магла и ниска облачност која што ќе се задржи во текот на целиот ден. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -7 степени, а максималната дневна до 1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник облачно време со врнежи од снег, само во јужните предели врнежите ќе бидат до дожд и снег. Максималните температури ќе се движат од -1 до 6 степени. Во среда во утринските и раните претпладневни часови врнежите од снег постепено ќе престануваат, а во остатокот од денот се очекува претежно облачно и студено време со температури од -2 до 5 степени. Во Македонија во четврток по студеното утро во текот на денот умерено облачно време со повремени сончеви периоди и максимални температури од -3 до 5 степени. Студено утро не очекува и во петок кога утринските температури ке се движат од -15 до -6 степени. Во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и температури од -3 до 5 степени.

Wearther4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот