X
 24.01.2017 Култура

Папата Францис: „Кризите предизвикуваат страв, тревога. Најочигледен пример е европскиот популизам во Германија, 1933 година“


Папата Францис одмавнува од автомобил

Папата Францис вчера истакна дека нема да формира мислење за американскиот претседател Доналд Трамп, сè додека не се види како ќе ја спроведува својата политика. Тој во петокот, при преземањето на претседателската должност, го повика Трамп да се води од етичките вредности, со грижа за сиромашните и прогонетите, за време на својот мандат.

„Сметам дека мораме да почекаме и да видиме. Не сакам да брзам и предвреме да ги оценувам луѓето“, истакна Папата за шпанскиот весник El Pais. „Да видиме што работи и како ќе работи, па тогаш да донесеме став. Да се радуваш или да се плашиш од нешто што допрва ќе се случува, според мене не е мудро“, рече тој.

Францис, исто така, ги преупреди Европјаните на растечкиот популизам и рече дека не смеат да ги повторат грешките од триесеттите години на минатиот век кога се насочија  кон „спасителите“ за да се  решат од економската и политичката криза што единствено можеше да заврши со војна.

„Кризите предизвикуваат страв, тревога. Според моето мислење, најочигледен пример е европскиот популизам во Германија, 1933 година... Луѓето кои пропаднаа во кризата, ги бараа своите идентитети сè додека не дојде тој харизматичен водач со ветување  дека ќе им ги врати идентитетите. Тој им врати искривени идентитети и сите знаеме што се случи“, рече Папата.

„Во кризни времиња ни недостасува моќ на просудување и тоа секогаш е потсетник за мене... Затоа и секогаш инсистирам и повторувам: разговарајте меѓусебно, разговарајте едни со други“, порача папата Францис.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура