X
 26.01.2017 Забава

Хотел на швајцарските Алпи ви нуди будење под ѕвездите

„Будење под ѕвездите“ сега добива буквално значење - овој хотел без покрив и ѕидови е новата сензација.

 

hotel


Отворениот хотел „Null Stern“ нуди соба на швајцарските Алпи и на авантуристите им овозможува удобен голем кревет, две ламби и спектакуларен поглед.

За 250 швајцарски франци за вечер, гостите можат да се изолираат на планината, на 1.970 метри надморска височина. Гостите можат да добија собна послуга од нивниот личен батлер, кој се наоѓа во близина на собата.

 

1

2


Батлерот може на гостите да им приготви прекрасни јадења и да ги послужи со појадок и вечера во кревет.

Меѓутоа, самата хотелска соба е полна со предизвици, па ако сакате да ја посетите бањата, за тоа ќе ви бидат потребни 10 минути, бидејќи јавните објекти се прилично оддалечени од хотелот.

Како што информираат од хотелот, досега заинтересираноста за престојување во овој хотел е прилично голема, па така „Null Stern“ е резервиран до крајот на 2017 година.

Концептот за ваков вид на хотел бил создаден во 2008 година, а лансиран во 2016 година. Името на хотелот „Null Stern“ во превод всушност значи „Нула ѕвезди“. Како што вели ко-основачот на хотелот, Даниел Чарбониер, „ѕвездата не е хотелот, туку самиот гостин“.

 

3

5


„Се ослободивме од сите тие ѕидови, па единственото нешто што ви остана е вашето искуство“, вели тој. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава