X
 26.01.2017 Наука

НАСА бара јавноста да одлучи какви фотографии ќе се снимат од Јупитер

Леталото на НАСА „Џуно“ во моментов се наоѓа во орбитата на Јупитер каде што создава спектакуларни фотографии додека ја проучува оваа џиновска планета.


Следната блиска средба со планетата леталото ќе го има на 2 февруари, а НАСА пред неколку дена ја замоли јавноста да помогне во избирањето позиција според која камерите ќе бидат насочени. Фотографиите ќе ги создаде „JunoCam“, кога ќе се приближи на Северниот пол на Јупитер.

НАСА истакнува дека количината на податоци која може да се складира на леталото е ограничена, така што потребно е да се донесе одлука што ќе биде фотографирано пред „Џуно“ да започне со работа. На интернет страницата која ја креирала НАСА, корисниците избирале најинтересни позиции во атмосферата на Јупитер. Системот за гласање го смислиле лицата задолжени за планирање на мисијата. Гласањето почнало на 19 јануари, но веќе е завршено.  Останува да се види што изгласале корисниците на Интернет.



Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука