X
 26.01.2017 Технологија

Револуција во патувањето: Австралија ги укинува пасошите!

Патувањето по аеродромите во Австралија може да стане малку полесно до крајот на декадата, благодарение на новиот развој во биометриската технологија.


Како што информираат од „The Telegraph“; Австралија планира да ги замени пасошите со препознавање на лицето и отпечатоци од прстите до 2020 година. Австралијанското министерство за емиграција и гранична заштита, неодамна најави нов проект, со кој имиграциските службеници би можеле да бидат застарен метод. Наместо пасошите да бидат скенирани од страна на вработен, патниците би поминувале низ електронски станици кои би ги читале нивните лица и отпечатоци за да се верифицира нивниот идентитет. До 2020, Австралиската влада очекува 90 проценти од патниците да функционираат на овој начин при патувањата.

Долга е листата на земји од светот кои користат биометриски пасоши со чипови кои содржат информации за идентификација. Но, сега Австралија се обидува да воведе напредок на ова поле, со тоа што ќе ги исфрли од употреба книжните пасоши. Надлежните ќе тестираат пилот верзија во јули на аеродромот во Канбера, а во ноември и на аеродромите во Сиднеј и Мелбурн. Се надеваат дека до март 2019, на некои од аеродромите ќе се започне со новата технологија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија