X
 29.01.2017 Живот

Доналд Трамп затвори, Џастин Трудо отвори врати за бегалците

Канадскиот премиер Џастин Трудо на неговиот профил на „Twitter“ изјави дека бегалците кои претседателот Трамп не ги пушта во Америка, се добредојдени во Канада.

truo jastin

„Различноста е наша сила“, напиша тој, под фотографијата на која тој се поздравува со млад сириски бегалец.

Наредбата на Трамп беше потпишана во петокот попладне, со што беше запрено пристигнувањето на бегалци од Ирак, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен во Америка.

Акцијата резултираше со хаос на аеродромите низ цела Америка - бегалците и имигрантите беа уапсени од страна на граничните агенти, а адвокатите и пратениците се обидоа да ги ослободат.

Вестите поттикнаа страв за потенцијалот на извршната наредба на Трамп кај канадските државјани кои патуваат во Америка, а имаат двојно државјанство од седумте муслимански земји вклучени во извршната наредба на Трамп.

Меѓутоа, канадската канцеларија на премиерот издаде соопштение во саботата велејќи дека администрацијата на Трамп потврди дека за канадските граѓани кои патуваат со канадски пасоши нема да важи наредбата.

Канадскиот министер за транспорт, Марк Гарнеау твиташе дека владата е во контакт со американскиот оддел за транспорт и со одделот за домашна безбедност со цел да добие поголема јасност во однос на влијанијата на ограничувањата на патувањата.

Канада е доста гласна во врска со прифаќањето на бегалците во текот на последните две години, земајќи повеќе од 39.000 бегалци од Сирија.

Владата на Трудо дури и се соочи со критики во текот на програмата за бегалци од Канаѓание кои беа фрустрирани поради бавниот, бирократски процес на приватното носење на сириски бегалци во земјата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот