X
 30.01.2017 Образование

Кога постои желба за учење, не постои пречка која ќе застане на патот

Во Колумбија, децата се качуваат на опасна жичара за да стигнат до најблиското училиште. Два пати на ден, тие со оваа жичара ја поминуваат реката Негро.

deca

Во Атулер, Кина, учениците мораат да искачат гребен висок 800 метри, за да можат да стигнат до училиште.

Во Перу, тие го преминуваат езерото Титикака, во кофи за перење алишта. После два часа, тие конечно пристигнуваат на училиште.

Индо мостот во Индонезија, е еден од најопасните мостови во светот, и единствен пат за образование на овие деца. Не се откажуваат и се потпираат на други луѓе за нивните нивните патувања да ги прават полесни.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование