X
 30.01.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во првата недела од месец февруари?



Денес е понеделник, 30 јануари 2017 година, 30-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:43, а ќе зајде во 16:50 часот. Денот ќе трае 10 часа и 7 минути.

Претежно облачно и магловито утро во поголем дел од Македонија во последниот понеделник во месец јануари, додека пак претежно ведро и постудено време има во крајните северозападни и североисточни предели.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот маглата во одделни котлини ќе се задржи во текот на целиот ден, додека пак во останатите предели ќе преовладува умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -11 до 1 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 0 односно до 7 степени.

Во вечерните часови како и во текот на ноќта понеделник кон вторник појава на магла која што ќе услови намалена видливост помала и од 50 метру.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во утринските и претпладневните часови појава на магла и која што ќе се задржи и претпладне. Попладне умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Слаб јужен ветер. Утринската температура од -8 степени, додека пак максималната дневна до 1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник појава на магла и ниска облачност која што во најголем дел од Македонија ќе се задржи во текот на денот. Сончеви периоди се очекуваат на повисоките предели. Дневните температури ќе се движат од 0 до 7 степени. Облачноста и магла ќе бидат присутни во најголем дел од Македонија и во среда и четврток кога максималните температури ќе достигнат од 0 до 7 степени, односно од 1 до 8 степени. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло за овој период од годината со температури од 1 до 9 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот