X
 31.01.2017 Живот

Доналд Трамп би можел да донесе одлука која ќе го промени цел свет

Новиот американски претседател е скептик за климатските промени и има дадено ветување дека ќе ги повлече САД од Парискиот договор за борба против истите.

доналд трамп


Тој ова би можел да го направи во секој момент, а истовремено планира да го зголеми вадењето на навта, плин и јаглен во САД.

Мирон Ебел, водител на транзицискиот тим на американската Агенција за заштита на околината, потсетува дека повеќе од 100 земји го ратификуваа договорот од Париз за ограничување на емисиите кои го предизвикуваат глобалното затоплување.

„Доналд Трамп рече – ќе видиме дали ќе го одржи своето ветување – дека нема да ги почитува заклучоците од Парискиот договор за климатските промени“, изјавил Никола Саркози.

„Ќе побарам Европа да воведе данок за јаглерод диоксид од 1-3 %, за сите производи кои доаѓаат од САД, ако САД не ги промени правилата за заштита на околината кои ние им ги поставуваме на компаниите“, додал тој.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот