X
 31.01.2017 Технологија

Мотоциклот на „BMW“ сам одржува рамнотежа и може да се вози и без кацига


Новиот мотор на BMW

„BMW“ тврди дека мотоциклот на иднината ќе биде толку многу безбеден што возачот ќе може да го управува и без носење задолжителна кацига, бидејќи сигурноста во возењето е издигната на највисоко ниво.

Мотоциклот има тркала кои се проектирани да стојат исправено, дури и при целосно запирање, со што е постигната стабилност во толкава мера што на возачите ќе им обезбеди сигурно возење и без употреба на кацига. Емисијата на штетни гасови кај овој мотор, практично е сведена на нула.

Погледнете го BMW моторот на иднината:

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија