X
 01.02.2017 Живот

Како просечно македонско семејство гледа на најавите за изградба на новиот клинички центар во Скопје?

Ермира Мехмети гостуваше во студиото на „Фчерашни новости“, каде откри дека се збогува со политиката и дека од пратеничките клупи се сели во нејзина нотарска канцеларија. - Сега собранието некако се преполни со жени поради квотите, па си реков некоја мора да се врати во кујна, така што ,еве, јас го направив првиот чекор назад – се шегува Мехмети.

Во 10. епизода на „Фчерашни новости“, ексклузивно беше прикажан и разговорот помеѓу Никола Груевски и Доналд Трамп. Преку просечно македонско семејство беше прикажано како низ годините се гледа на најавите за изградба на новиот клинички центар во Скопје.

Репортерот Ланчо, пак, се извини за испадот во минатата емисија. Дали во следната епизода ќе се извини за испадот во оваа, останува да ја почекаме епизодата 11 од втората сезона на „Фчерашни новости“. Дотогаш, погледнете ги момците и девојките од уникатниот тим на Бранко Огњановски и уживајте во едно од најдобрите изданија досега.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот