X
 01.02.2017 Култура

Вулканот Везув не успеа да ги „голтне“ древните списи од античкиот град Херкуланеум


Слика од активен вулкан

Речиси 2.000 години свитоците од античкиот древен град Херкуланеум биле „недостапни“ за анализа и истражување. Биле затрупани под  пепел после ерупцијата на вулканот Везув во 79 година и сите пронајдени документи и списи  биле во јагленисана и нечитлива состојба.

Но, благодарение на модерните науки, истражувачите сега се во можност да ги прочитаат записите што се забележани во списите, без да ги одмотаат и отворат.

Тоа ќе го направат со примена на радиолошката метода на снимање, која освен рентген зрачење користи и томографија што се заснова на математичка процедура на обработка на записи со примена на компјутерски програми.

Ова претставува огромен напредок затоа што свитоците, кои се архивирани во библиотеката во Херкуланеум и се ископани пред 260 години, се толку многу кревки што нивното одмотување би било премногу инвазивно, со ризик да бидат уништени при таква манипулација.

Ваквиот вид на технологија ќе им помогне на научниците да прочитаат и многу други древни записи и свитоци, кои со илјадници години останале необработени и непрочитани.

„Целта на оваа метода е да стане достапна на сите музеи, на историчарите на уметност, на научниците“, изјавил Алесио Цедола, истражувач и физичар од Италија.

Моментално се работи на преводот на записите од два свитоци, од древен грчки јазик на англиски, а наскоро преводот ќе биде објавен во некое научно списание.

Постојат шест свитоци од Херкуланеум, некои веќе одмотани, а некои сè уште не.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура