X
 02.02.2017 Образование

Што треба да знаете за лажните универзитети и дипломите кои ги доделуваат?

Дали некогаш сте помислиле дека постои University of Devonshire , University of Wexford или University of Palmers Green appeal? Ова биле имиња на универзитети со веб страни кои изгледале како лиценцирани универзитети, но тие се лажни институции и за среќа веќе не постојат.

лажен универзитет


Лажни универзитети
се појавуваат постојано. Доволно е да имаат убедлив домеин со едукативна страница со соодветен изглед. Ако има дополнително и релевантни податоци измамата е целосна.

Лажните универзитети функционираат многу пософистицирано. На пример ако ја платат таксата може да му дозволат на „студентите“ да докажат дека веќе се здобиле со вештината и тие прават сертификат врз основа на тоа.

Други прават веб страницата да им изгледа како вистиински универзитет, дури студентите добиваат задачи, но ако не се прегледани, служат само да го убедат студентот дека добива сертификат по заслуга. Некои лажни универзитети ги убедуваат кандидатите дека квалификациите кои ги наградуваат се соодветни на лажни препораки за работа.

Не е исклучена можноста и да се купи лажен сертификат за вистински универзитет.

Рушење на угледот

Освен што ќе изгубите време за лажниот сертификат, наместо да го вложите времето да се зафатите вистински да го заслужите сертификатот, дефинитивно угледот ќе Ви биде срушен уште од самиот почеток на Вашата кариера. Многу е важно на работа да го зачувате академскиот интегритет. Работодавците исто така имаат одговорност да ја проверат точноста на податоците кога вработуваат луѓе
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование