X
 03.02.2017 Технологија

Човекот што претвори милиони телефони во камери

Најлесно и најпопуларно нешто е да направите селфи на Вашиот паметен телефон. Но за оваа иновација биле потребни декади за да се развие технологијата која денес е толку лесно достапна.

тројца мажи

Тројцата инженери кои стојат зад пронајдокот ја добиле наградата Queen Elizabeth Prize од 1 милион фунти за инженерство. Еден од нив изјавил дека продолжуваат да ја усовршуваат технологијата особено што се однесува на сензитивноста кога е темно.

За резултатите денес биле потребни три генерации. Првиот чекор на развојот на дигиталната камера е во 1970-тите и е придонес на британскиот инженер Мајкл Томпсет. Следниот се случува во Јапонија во 1980тите со комерциализацијата на сензорите за сликање создадени од Нобуказу Тераниши. Во 1993 Ериц Фосум, кој работел за НАСА, измислил како да се смали технологија.

Кога била доделена наградата Фосум додал дека не ни помислил на селфи-фотографирањето или на смешните видеа со мачиња.

„The Queen Elizabeth Prize“ е модел на Нобеловата награда и е најпрестижна во областа на инженерството. Во 2013 ја добил Тим Бернерс Ли за развивањето на World Wide Web.

Парите од доделувањето добитниците изјавиле дека најверојатно ќе ги дадат за деца и млади претприемачи и за цели кои нив им го промовираат инженерството, затоа што на училиште не им се кажува дека додека да се дојде до вистинскиот одговор потребни се повеќе обиди.
Тие се ентузијасти дека на овој начин најдобро ќе придонесат на глобално ниво.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија