X
 04.02.2017 Живот

Кои се најбогатите Европејци?

Лилијан Бетанкур е најбогатата жена на планетата и втора по богатство во Европа. Пред неа е само Аманисио Ортега, сопственикот на шпанскиот моден бренд Зара.


Листата на Форбс на најбогати Европјани вбројува 70 жени, што е за пет повеќе отколку во САД. Во однос на остатокот од светот, бројот на милијардери во Европа е зголемен. Најголем број милијардери има во Русија, Франција и Германија, а ова е списокот на најбогатите луѓе, но по земјите чие државјанство имаат.

Шпанија

Аманисијо Ортега е вториот најбогат човек на светот а на сметка има 71,1 милијарди долари.

Франција

Лилијан Бетанкур има богатство кое вреди 35,8 милијарди долари. Таа има деменција, па за богатството се грижат нејзините деца. 

Германија


„Beate Hajster & Karl Albreht Jr.“ се сопственици на ланец супермаркети и наследници на калр Албрехт. Имаат богатство кое се проценува на 23,9 милијарди евра.

Италија

Мариа Франка Фисоло е сопственичка на компанијата Фереро и е најбогата Италијанска, со богатство од 24,9 милијарди долари. 

Шведска

Стефан Персон сопственикот на брендот „H&M“ е најбогат човек во Шведска со 20 милијарди долари.

Велика Британија

Сри и Гопи Хиндуја го поседуваат конгломератот „Хиндуја груп“ и се најбогати во Велика Британија со богатство од 16,6 милијарди долари.

Русија

Леонид Микелсон е шретседател на енергетската компанија „Новатек“ и има богатство од 14,4 милијарди долари.

Австрија

Дитрих Матешиќ е основач на компанијата „Ред бул“ и има богатство од 13,2 милијарди долари.

Данска

Кјелд Кирк Кристијансен е наследникот на компанијата „Лего“ и има богатство од 12,7 милијарди долари.

Ирска

Палоњи Мистри е во градежништвото и има заработено 12,5 милијарди долари.
 
Холандија

Шарлин де Карваљо-Хајнекен е наследничката на познатата пивара, која ја основал нејзиниот дедо, а богатството се проценува на 11,7 милијарди долари.

Чешка

Петер Келнер заработил пари во банкарство и осигурување. Има 10,6 милијарди долари.

Швајцарија


Ернесто Бертарели ја продал фармацевстката компанија „Сероно“ која ја основал дедо му и сега има богатство од 8,5 милијарди долари.

Кипар

Џон Фредриксен со потекло од Норвешка има богатство од 9,9 милијарди долари, заради биснисот со нафта во текот на иранско-ирачката војна. 

Норвешка

Од Реитан е основач на најголемиот ланец на супермаркети во Норвешка и има богатство од 4,8 милијарди долари.

Белгија


Алберт Фрере инвестирал во челик и се збогатил. Сега има 4,6 милијарди долари. 

Португалија

Америко Аморим е сопственик на компанијата „Corticeira Amorim“ и има 4,6 милијарди долари.

Полска


Доминика и Себастиан Кулчик се сопственици на меѓународна компанија за инвестирање која им донела 3,6 милијарди долари.

Финска

Антиу Херлин е сопственик на компанија за изработк на лифтови и има богатство од 3,6 милијарди долари.
 
Грција

Филип Ниаркос заработил пари со градење бродови и има богатство од 2,5 милијарди долари.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот