X
 04.02.2017 Живот

Насилството на интернет нагло зголемено во изминатите две години

Насилството на интернет во градските училишта е зголемено за неверојатни 351 проценти за само две години. Се работи за злоупотреби врз основа на раса, пол и сексуална ориентација, според анализите на „New York Post“.


Пријавени биле 804 инциденти во текот на учебната 2015/16, во споредба со 686 од претходната година и 178 во 2013/14, годината кога Департментот за образование во САД започнал со собирање на податоци.

Заради тоа што младите сега се постојано на социјалните мрежи и голем дел од случаите се одвиваат онлајн, училиштата сега ќе бараат насилството преку интернет да се пријавува кај државните власти.

Минатата година 46 од случаите за насилство на интернет биле заради сексуалната ориентација, 35 заради дебелина и други 25 заради расни разлики. Мнозинството од нив биле класифицирани како „недефинирани“.

Некои извори сметаат дека скокот во инцидентите се должи на зголемената претпазливост во самите училишта.
 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот