X
 05.02.2017 Стипендии

Оглас за Фулбрајт програмата за академската 2018-2019 година

Се објавува почеток на поднесувањето на пријави за Фулбрајт студентската програмата за академската 2018-2019 година за пост-дипломски студии (визитинг студенти истражувачи и магистерски студии)

КРАЕН РОК: 31 мај 2017 година


Подетално за условите прочитајте на:

https://macedonia.usembassy.gov/archives/archive2016/fpc17-18ay.html

Ова е заедничка програма меѓу Стејт Департманот на САД и Владата на Република Македонија.

Услови за квалификација


• Кандидатот да има диплома за завршено високо образование или да биде запишан на постдипломски студии;

• Доволно познавање на англиски јазик за да може да студира или да истражува во САД;

• Кандидатот да е граѓанин на Република Македонија.

Упатство

• Сите пријави треба да се пополнети на англиски јазик и да се поднесат електронски на https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/.
• Секоја страна од пријавата има упатство за пополнување, кое треба да го прочитате внимателно пред да започнете со пополнување.
• Секое прашање мора да се одговори во целост и со внимание. Ве молиме, обидете се одговорите да ги вметнете во предвидениот простор за нив.
• Пополнетите пријави треба да се поднесат до 31 мај 2017 година.
• Нема да се прифатат нецелосни пријави.

Стандардизирани тестови

Доколку сте избрани за интервју во Амбасадата на САД, тогаш ќе треба да полагате испит за познавање на англиски јазик – ТОЕФЛ. Не треба да се пријавувате за полагање на ТОЕФЛ во оваа фаза на аплицирање. Ќе добиете упатство како да се пријавите за испитот по интервјуто.

Дополнително, кандидатите кои ќе се пријават за програми за стекнување на научен степен, ќе треба да полагаат GRE или GMAT испити, во зависност од полето на студи. Не треба да се пријавувате за полагање на овие испити во оваа фаза на аплицирање. Ќе добиете упатство како да се пријавите за испитот по интервјуто.

Постапка на пријавување и разгледување на пријави

Целосна пријава подразбира:
• Образец за пријавување
• Детална изјава за предложената активност
• Детална биографија на лицето
• Три препораки

Следниве документи треба да се скенираат и да се прикачат кон он-лајн апликацијата. Тие треба да се скенирани во .pdf формат и секој поединечен документ не треба да надминува големина од 2 МВ.

• Фотокопија од пасош
• Фотокопија од стекнатиот научен степен – копија од вашата диплома за додипломски или магистерски студии или писмо со кое се потврдува дека сте запишани на докторски студии, како и превод на овие документи на англиски јазик
• Потврда за работен однос издадена од работодавачот, доколку сте вработени
• Други (опционални) дополнителни документи

Ве молиме горенаведените документи да ги скенираните и да ги прикачите на вашата online пријава.

Обрасците и упатствата за пополнување на пријавата и повеќе други информации поврзани со Фулбрајт ќе дознаете на:

https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/или http://fulbright.state.gov/
Активен до:    31.05.2017
Тагови:

Издвојуваме

Стипендии