X
 05.02.2017 Стипендии

Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик

Во рамки на проектот за словенски студии, Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка за 2017 година доделува четири стипендии за кандидати од Република Македонија за учество на летни школи по чешки јазик, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места) и Брно (2 места).

Стипендиите ги покриваат трошоците за школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, додека патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Сите заинтересирани потребно е во два примероци да ги достават следните документи:
- Пријава
- Пополнет формулар за учество на летната школа
- CV, кратка биографија;
- Диплома за завршено високо образование;
- За студентите: потврда дека е редовен студент
- Мотивационо писмо.

Крајниот рок за аплицирање во Министерството за образование и наука на Република Македонија, Сектор за наука и технолошко -технички развој, Одделение за меѓународна соработка, ул. Св. Кирил и Методиј бр.54 Скопје, Република Македонија е 28.02.2017 година.
На конкурсот може да се пријават и кандидати со сопствено финансирање.
Непотполните и ненавремено доставени апликации нема да се земат во предвид.

Интервју со пријавените кандидатите ќе се одржи на 01.03.2017 година во 10.00 часот во Министерството за образование и наука, канцеларија 1400 на 14 кат. Лице за контакт – Видановски Гоце ( 02 ) 3 140 185

Подетални информации на: http://www.mzv.cz/skopje
Активен до:    28.02.2017

Издвојуваме

Стипендии