X
 07.02.2017 Уметност

„Многу луѓе никогаш не користат сопствена иницијатива затоа што никој не им кажал да го направат тоа“ - така зборуваше Бенкси


Графит од Бенкси - момче се моли пред витражот што сам го нацрта

Бенкси е прочуен британски графити уметник со непознат идентитет. Своите сатирични и духовити графити кои ги изработува во стенцил техника, најчесто ги комбинира со антивоени, антикапиталистички, антиестаблишментски и слободарски пораки. Своите идеи честопати ги изразува и со зборови и мисли, користејќи најразновидни медиуми.

Бенкси низ зборови и дела:

•    Како момче, сакав да оставам трага. Сакав луѓето да ме чујат, но никој никого не слуша во овој голем свет... тогаш зедов спреј во рацете и ги натерав сите да ме забележат.

•    Не постои ништо поопасно од човек кој сака да го направи светот подобар.

•    Многу мајки ќе направат сè за своите деца, освен да им дозволат да бидат тоа што се.

Графит од Бенкси - градски чистач ги чисти ѕидовите со први пештерски слики

•    Велат дека човекот умира двапати: првпат кога престанува да дише, и вторпат, подоцна, кога некој за последен пат ќе го изговори неговото име.

•    Твојот ум работи најдобро кога си параноичен. Тогаш ја истражуваш секоја опција и можноста на ситуацијата, со голема брзина и со потполна јасност.

Отсечен дел од слика

•    Најголемите злосторства се направени не од оние кои ги кршат правилата, туку од тие кои ги следат. Луѓето кои почитуваат наредби се оние кои фрлаат бомби и масакрираат села.

•    Постојат четири основни човечки потреби: храна, сон, секс и одмазда.

•    Уметноста треба да ги смирува вознемирените и да ги вознемирува смирените.

•    Ништо на светот не е толку често колку неуспешните талентирани луѓе.

•    Напуштете го својот дом пред во него да пронајдете нешто што е вредно за останување.

•    Многу луѓе никогаш не користат сопствена иницијатива затоа што никој не им кажал да го направат тоа.

•    Луѓето кои  рано се будат предизвикуваат војни, смрт и глад.

•    Секоја реклама на јавен простор која не ви остава  избор дали сакате да ја видите или не, ви припаѓа вам. Ваше е да ја земете, да ја измените и да ја искористите. Можете со неа да правите што сакате. Да барате дозвола за тоа е исто како да прашате дали смеете да го задржите каменот што ви го фрлиле во главата.

•    Лошите уметници имитираат, а големите – крадат. 

Преземена мисла од Пикасо со потпис на Бенкси
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност