X
 07.02.2017 Култура

Турција го гради најголемиот висечки мост кој ќе ги спои Европа и Азија

Турско-корејскиот конзорциум во кој се вклучени компаниите „SK Engineering & Construction Co.“, „Daelim Industrial Co.“ и „Limak and Yapi Merkezi“ ќе го градат висечкиот мост наречен „Çanakkale 1915“ преку теснецот Дарданели во Турција.

мост

Висечкиот мост ќе биде долг 3.263 метри, а со главниот распон на должина од 2.023 метри ќе го надмине јапонскиот „Akashi Kaikyō“ како мост со најголем распон во светот - тоа значи дека нема да биде најдолгиот мост во светот, туку мост со најголема должина на патишта/железници помеѓу два пилон мостови.

„Akashi Kaikyō“ бил завршен во 1998 година, и има должина од 3.911 метри и распон од 1991 метар. Мостот го поврзува градот Кобе на најголемиот јапонски остров Хоншу и местото Аваја на островот Аваџи.

Мостот во Турција е именуван по битката за Галиполе во Првата светска војна, а ќе ги поврзува Азија и Европа.

Изградбата на овој голем мoст ќе чини околу 3 милијарда долари, а патарината ќе изнесува околу 15 евра плус ДДВ. Иако почетокот на изградбата бил најавен уште во 2013 година, поставувањето на камен-темелникот конечно бил закажан за 18 март оваа година. Инаку, Европа и Азија веќе ги поврзуваат три висечки мостови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура