X
 09.02.2017 Наука

Марк Цукерберг ќе финансира научници за да најдат лек за „сите болести“

Амбициозниот план на Марк Цукерберг за третирање и лечење на сите болести сега е проширен за еден чекот напред – тој објави дека ќе финансира  научници во наредните пет години.


„The Chan Zuckerberg Initiative (CZI)“ е организација која ја води Присила Чен, сопругата на Цукерберг. Целта на организацијата, која започна со буџет од 3 милијарди долари, е да се помогне во лечењето на сите болести до крајот на 21 век. Фокусот е на долгорочно научно истражување. Дел од „CZI“ е и „Chan Zuckerberg Biohub“, истражувачка медицинска организација, која објави дека обезбедува 50 милиони долари за финансирање на научниците.

Парите ќе ги добијат 47 различни луѓе, за да реализираат истражувања во повеќе области. Организацијата е во партнерство со Универзитетот „Беркли“, „UCF“ и „Стенфорд“. Од организацијата велат дека сакаат да помогнат во решавањето на големите здравствени проблеми и ќе ги поддржат научниците со најдобри научни алатки за да дојдат до посакуваната цел.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука