X
 09.02.2017 Култура

Планински ресторан во Италија нуди поглед како од бајките

Архитектонската компанија „Peter Pichler Architecture“ од Милано, во соработка со словачкиот архитект Павол Миколајцак го проектираа ресторанот „Oberholz Mountain Hut“ сместен во италијанските Долмити.

ресторан 
Ресторанот е целосно интегриран во природната планинска средина, и изгледа како да извира од планината како да се шири, овозможувајќи им на гостите прекрасен поглед на околината.

Овој навистина импресивен ресторан, е всушност современа интерпретација на класичен планинаррски дом кој го краси модерен и елегантен ентериер кој целосно е изграден од дрва. За изградба на мебелот користен е даб, додека за производство на структурни елементи во ентериерот се користела смрека.

Ресторанот е отворен оваа зима и се наоѓа непосредно до жичарата Оберген па скијачите после скијањето на ски стазите можат да уживаат во ресторанот и храната и удобната интимна атмосфера на ресторанот.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура