X
 09.02.2017 Култура

Стратегијата на Париз за намалување на загадувањето на воздухот

париз

Париската градоначалничка Ан Идалго ја претстави новата стратегија наменета за борба против зголемувањето на нивото на загаденост - анти-загадувачки налепници кои мораат да ги имаат сите возила кои влегуваат во границите на градот.

Налепниците се поделени во шест категории и означуваат различни нивоа на загадување. Постои и седма категорија во која спаѓаат најстарите возила. Во особено загадените денови, автомобилите, автобусите, камионите и скутерите кои најмногу предзивикуваат загадување, не смеат да влезат во градот.

Оваа мерка, позната како „Crit'Air“ (игра на зборови во кои се вклучени зборовите критериум и воздух), стапи на сила во понеделникот на 16 јануари и е директен одговор на зголемените инциденции на тешкиот смог над главниот град. Возачите мораат да добијат и да ја прикажуваат налепницата на нивното возило или ризикуваат парична казна од 68 до 135 евра, иако казните ќе бидат далеку помалку во првите месеци од спроведувањето на мерката.

Ова е најнова идеја од серијата еколошко ориентирани иницијативи од социјалистичката градоначалничка чија лична мисија е да го намали загадувањето во Париз. Во септември 2015 година, во Париз беше воведен ден без автомобили, а возачите беа охрабрувани да го користат бесплатниот јавен превоз.

Градоначалничката исто така предложи планови за поставување пешачки зони на бреговите на реката Сена, кои би можеле да чинат 8 милиони евра и кои би го револуционализирале изгледот на центарот на Париз.

Новиот закон ќе се применува за сите возила кои влегуваат во францускиот главен град, вклучувајќи и возила од другите земји.

Налепниците можат да се добијат онлајн и чинат околу 4 евра. Според министерот за животна средина Сеголен Ројал, порачани се околу 2.5 милиони налепници. Иако моментално веб страницата е достапна само на француски јазик, планот е следниот месец да биде додаден друг јазик.

Седмата, незапишана категорија на налепници се однесува на возилата кои се регистрирани пред 1997 година, мотоцикли и скутери пред 2000 година и автобуси и камиони пред 2001 година. На овие возила ќе им биде целосно забранет влезот во Париз кога загадувањето е слабо.

Иако владата е ентузијаст за новата мерка и смета дека ќе биде далеку поефикасна од мерката со регистарски таблички, не секој ја поддржува оваа имплементација.

Организацијата „40 Million Motorists“ отворено ја осудуваат мерката, тврдејќи дека е обезбедена минимална поддршка за оние возачи кои поседуваат загадувачки возила, не по своја вина.

„Во Германија на пример, постои систем за приспособување на постари автомобили, а на луѓето им се дава субвенција од владата за на нивните автомобили да ги прилагодат за да не ја загадуваат околината. А во Франција се даваат решенија без претходно да бидат понудени добри алтернативи“, вели Даниел Куеро, портпарол на организацијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура