X
 12.02.2017 Живот

Научниците тврдат дека првородените се попаметни од помладите браќа и сестри

Борбата за кој да биде попаметен, дали првородените или помладите браќа и сестри постои од поодамна.

брат и сестра

Овој пат истражување направиле економисти од универзитетот во Единбург, кои заклучиле дека најстарите потомци од исти родители постигнуваат подобри резултати од своите браќа и сестри на тестовите за интелигенција.

Според истражувањето тоа е резултат на поголемата ментална стимулација која постарите деца ја добиваат од родителите. Студијата е објавена во списанието “Journal of Human Resources” и ги надополнува заклучоците на досегашните истражувања зошто најстарите деца се повеќе платени и подобро образовани.

Во студијата се вклучени 5.000 деца од различни возрасти – од бебиња до 14-годишници, но не се земени предвид потеклото и економските услови на семејството. Децата на секои 2 години решавале задачи во кои се оценувани нивните способности за читање и сликање, а истражувачите откриле и дека разликата во интелигенцијата и талентот може да се поврзи со различната поставеност на родителите кон нив.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот