X
 12.02.2017 Култура

Средношколци од Сараево со одлична лекција за другарство!


Училишна зграда

Учениците од средното медицинско училиште „Бјелава“ во Сараево одлучија оваа година сите заедно да одат на екскурзија – и тие чии родители можат да платат  за тоа, и оние кои не можат да си го дозволат тој трошок.

Затоа се организираа и бараат работа преку социјалните мрежи, за да заработат доволно средства сите заедно да заминат на првата екскурзија што училиштето ја организира во последните пет години.

Работната акција именувана „Екскурзија 2017“ стана главна тема на „Фејсбук“ овие денови, откако на групата „Барам – нудам работа“ се појави оглас кој е толку импресивен така што ја враќа вербата во луѓето.

Добар ден, се јавуваме по повод работната акција ‘Екскурзија 2017’. Ученици сме во средното медицинско училиште „Бјелава“. Имаме желба да одиме на екскурзијата, меѓутоа определен број ученици немаат финансиска можност да платат за тоа. Ние како ученици подготвени сме да работиме и да заработиме! Подготвени сме за разни активности како што се: чистење на паркови, приватни дворови, миење на садови по рестораните, делење анкети, рекламирање одредени производи, анимација на децата по домовите, болниците, приватните роденденски забави и секоја друга работа што ќе може да ни обезбеди средства со кои ќе им ја платиме картата за екскрзија на нашите другари. Доколку некој има предлог за некои спонзорсвта, ве молиме да ги наведете во коментарите, тоа ќе ни биде од помош. Се заблагодаруваме однапред.

Нивниот апел дигна голема прашина на „Фејсбук“ во целиот регион, а Џенан Хоџиќ, момчето кое го објави огласот, за Klix.ba истакна дека ова е првпат да организираат ваква акција.

„Се одлучивме на ваква акција затоа што не можевме да гледаме како нашите пријатели од училишните клупи кои, исто така, сакаат да заминат на екскурзија, остануваат  дома додека ние другите сме на море и се забавуваме.“

Се надеваме дека оваа идеја ќе се рашири што повеќе, затоа што со малку труд и желба за единство и заедничко дружење, можат да се постигнат многу работи. Младите од Сараево го докажаа токму тоа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура