X
 12.02.2017 Образование

Вовед во политичка философија: Бесплатен онлајн курс на Јеил


Платон, Сократ, Аристотел

Бесплатниот курс „Вовед во политичка философија“ го предава професорот Стивен Б. Смит од Универзитетот Јеил. Курсот е конципиран како вовед во политичката философија преку осврт на некои од најзначајните текстови и мислители на западната политичка традиција. Трите широки теми што се неодминливи за разбирање на политичкиот живот се однесуваат на: востановувањето на полисите - градовите држави (низ текстовите на Платон и Аристотел), суверената држава (кај Макијавели и Хобс), уставната држава (во делото на Лок) и демократијата (кај Русо и Токвил). На курсот се разгледуваат начините на кои различните политички философии ги објаснуваат појавните форми на политичките институции и начинот на живот на луѓето во рамки на тие форми.

24-те лекции од курсот можете да ги најдете на Јутјуб или на Ајтјунс. Доколку сакате да добиете повеќе информации за курсот, вклучително и наставната програма, посетете ја веб-страницата на Јеил.

Курсот ги обработува следниве философски текстови:

Платон: Одбраната и смртта на Сократ

Платон: Држава

Аристотел: Политика

Николо Макијавели: Владетелот

Томас Хобс: Левијатан

Џон Лок: Втората расправа за владеењето (од делото „Две расправи за владеењето“)

Жан-Жак Русо: Политички текстови (збирка есеи)

Алексис де Токвил: Демократијата во Америка


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование