X
 13.02.2017 Наука

Креираме ли свет без свесност?

На неодамнешна конференција за вештачка интелигенција со наслов „Superintelligence: Science or Fiction?“, чии домаќини биле „Future of Life Institute“, кои работаат на промовирање оптимистички визии за иднината, се дискутирало за придобивките кои ќе ги имаме во иднина, но и за ризиците од вештачката суперинтелигенција.


На конференцијата присуствувале голем број на експерти како Елон Маск. Тие споделиле мислења за тоа дали е само прашање на време дали вештачката интелигенција ќе стане предност во животот на човекот.

Австралискиот филозоф Дејвид Чалмерс смета дека се креира свет без свесност. Тој вели дека ќе создадеме свет преполн со примери на супер човек, кој нема да има свест. Тоа може да прерасне во свет со извонредна интелигенција, но никаква свест и субјективно искуство. Неговото мислење е дека всшнст свесноста и искуствата се најпотребни за животот да има било какво значење и вредност. Па затоа, свет без свесност не би требало да има позитивен исход.

Решението за тоа, според Чалмерс е да се креира супер човек, со вештачка интелигенција, но на некој начин да има свесност, со цел да не дојде до создавање свет основан на машини, без душа.

Целата конференција можете да ја погледнете на следното видео :

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука