X
 13.02.2017 Технологија

За сите „анти-политичари“ - Еве како да ги тргнете политичките вести од социјалните мрежи

До пред извесно време младите мајки и бебињата најмногу ги иритираа најголемиот број корисници на социјалната мрежа Фејсбук, а сега пак, за несреќа, бенефитите од нив ги открија и политичарите.

социјален поправач

“Social Fixer” е додаток што може да се користи на повеќето пребарувачи (Chrome, Firefox, Safari…), но работи само на декстоп компјутери. Оваа алатка Ви овозможува да ги тргнете сите вести што не сакате да ги видите. Кога ќе го инсталирате додатокот ќе Ви се појави икона во горниот десен агол на Фејсбук. За да ги тргнете политичките новости од Вашиот ѕид следете ги следните чекори:

Social Fixer Options > Hide Posts

Потоа внесете ги клучните зборови за кои не сакате да Ви излегуваат вести (на пр. ВМРО, СДСМ, Трамп, власт итн.). Содржината со овие клучни зборови нема да Ви се појавува на екранот.

Избришете ги или блокирајте ги пријателите кои се опседнати со политика. За да не ги избришете целосно може да се повикате на опцијата Follow и да престанете да ги следите, иако по ова можеби сѐ уште ќе гледате нивни објави.

На крај на краиштата, престанете да ги следите страните кои објавуваат вести за политика и обидете се од Фејсбук да имате бенефит и да се забавувате со него, но и да се информирате за она што навистина Ве интересира.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија